„Њуз дискавери“: Коските во кралскиот гроб во Кутлеш се на Филип Втори

Коските пронајдени во кралскиот гроб во Кутлеш  припаѓаат на Филип Втори Македонски, таткото на Александар Македонски. Ова го потврдиле истражувачи,  за „Њуз дискавери“.

Антрополошкото истражување работело на коски и делови од гробот и со тој материјал успеале да ги откријат закопаните во гробот. Според медиумиот, покрај Филип Втори, во гробот се пронајдени коските и на жена-воин.

Откритијата заедно со 3.000 фотографии во боја ќе бидат претставени пред јавноста во петок во Археолошкиот музеј во Солун.

Академците расправале за коските од годината кога гробот бил откриен (1977-8). Тогаш биле откриени споменици и три гробови. Во првиот гроб се наоѓало тело заедно со уметничка слика, додека вториот гроб не бил анализиран, а во него се наоѓале кремираните остатоци од машки скелет и кремираните остатоци од жена. Во гробот имало сребро, злато, бронза, оружја и штитови.

Истражувачите го потврдиле идентитетот на кралот врз основа на доказите за повреди на телото кои ги претрпел Филип Втори за време на животот.