НЛБ и словенечкиот државен холдинг објавија намера за продажбана 50 отсто од акциите

Словенечкиот државен холдинг (SDH) и управата на Нова љубљанска банка (NLB) објавија во понеделникот писмо со намери за почеток на продажбата на акции на најголемата словенечка банкарска групација на потенцијални инвеститори преку иницијалната јавна понуда на акциите (IPO), што претставува прв чекор во процедурата за нејзината постапна приватизација.

Започнатата постапка на продажба на најмалку 50 отсто од акциите на НЛБ го одобриле надзорниот одбор на банката и Словенечкиот државен холдинг, а понудата ќе трае до средината на јуни, се наведува во намерата за собирање понуди преку системот на Љубљанската берза, каде што се презентирани и главните податоци за банката.

Како што е планирано, јавната понуда за купување на обичните акции на НЛБ и потврдата за сопствеништво во НЛБ ќе се активираат по очекуваниот почеток на котирањата на нејзините акции на Љубљанската берза (LJSE) и на Лондонската берза, и презентацијата на понудата во Европа и во Америка пред потенцијалните инвеститори.

Групацијата НЛБ има 356 филијали, од што 113 се во Словенија, а другите се во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово. Во Словенија во сферата на кредитното работење има пазарен удел од 23,9 отсто, а кога станува збор за депозитите од 25,3 отсто и е најголемата словенечка банка во 100-процентна сопственост на државата.

Билансот на банката кон крајот на минатата 2016 година изнесуваше 12,090 милијади евра, а последните три години работела со добивка, што е продолжено и во провото тримесечје од годинава, кога реализирала 82 милијарди евра добивка.

Имајќи предвид дека својата најголема банка во 2013 година поради нејзините лоши кредитни палсмани ја санираше и докапитализираше од буџетски средства, Словенија се обврза дека државниот удел во неа ќе го намалио на една четвртина, за да последната докапитализација не биде сметана за недозволена помош од државата, спротивна на правилата за конкуренција на финансискиот пазар во ЕУ. Европската комисија минатата седмица одобри продолжување на роковите за приватизација на банката, па според овој план половината од државната соптвеноста ќе биде продадена до крајот на оваа, а уште четвртина од акциите до крајот на следната 2018 година.

Според оцените на словенечките медиуми, за владата на актуелниот премиер Миро Церар приватизацијата на НЛБ која на Европската комисија ѝ ја вети и претходната влада на Аленка Братушек ќе претставува проблем, бидејќи банката се смета за системска банка и стратешки интерес на државата, поради што не би требало да се продава на странски капитал, а прашње е и колку за неа државата во овој момент може да добие. Владата цели на тоа дека за 75 отсто од акциите а банката може да добие милијарда евра во рамките на нејзината книговодствена вредност, што некои аналитичари консултирани во словенечките медиуми го сметаат за нерелано.

Приватизацијата на НЛБ доаѓа во тешко време за владата на Церар којашто е во последната година од својот редовен мандат. Опозицијата ја обвинува дека ништо не презема за да се откријат малверзациите и виновниците за лошите кредитите коишто банката ги давала со години пред да западне во загуби, што резултираше со потегот на државата од 2013 година, кога банката беше докапитализираниа со повече од 1,5 милијарди евра, а прашањето на ткн „банкарски дупки“ предизвикани со лошите кредитни пласмани ги истражува и парламенарна комисија, па тоа би можело да биде и едно од поважните теми во предизборната кампања.