НЛБ Нов пензиски фонд прогласен за најдобар во централна и источна Европа

На свечената церемонија којашто се одржа на 20 Ноември во Виена и на која беа присутни претставници од најголемите пензиски фондови од 30 држави од Европа, угледниот финансиски магазин “IPE – INVESTMENTS&PENSIONS EUROPE“ додели награди на најдобрите пензиски друштва во повеќе категории. Наградите кои ги доделува магазинот IPE се едни од најпрестижните награди за друштвата за управување со пензиски фондови во Европа.

НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ја доби наградата “Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа за 2014 година”, регион во кој функционираат голем број пензиски фондови во повеќе држави.

Реномираниот магазин IPE Publishers од Лондон, при изборот на победникот зема во предвид мноштво фактори кои на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје му го придаваат епитетот на лидер во регионот на Централна и Источна Европа. Меѓу факторите кои комисијата на IPE, составена од судии реномирани претставници на индустријата и академската јавност, покрај остварените приноси оценети од перспектива на превземените ризици, во предвид ги земаат и филозофијата, квалитетот, активниот пристап и иновативноста во управувањето со средствата, квалитетот на управувањето со ризиците, соодветниот систем на корпоративно управување, квалитетот на човечкиот капитал, како и мноштво други фактори кои говорат за позицијата на Друштвото во регионот.

„Оваа награда, не е само огромно признане за НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, НЛБ Групацијата, туку и потврда за Р.Македонија за успешно функционирање на целокупниот систем на капитално финансирано пензиско осигурување. Истата е големо признание за Друштвото, кое во годините од своето основање преку напорна работа на целокупниот професионален тим на вработени воведе највисоки стандарди, иновативен и современт систем на управување со пензиските фондови.

Наградата воедно поставува уште поголема одговорност за Друштвото, кое ќе продолжи и во иднина да ги поместува границите на квалитет во работењето во интерес на нашите членови” изјави Давор Вукадиновиќ Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје.