Магазин

НЛО над Кина или фотографии обработени во Фотошоп?

НЛО над Кина или фотографии обработени во Фотошоп?

НЛО над Кина или фотографии обработени во Фотошоп? Ова се некои од прашањата што се појавуваат откако беа објавени фотографии од небото над Кина, на кои се гледа облак во форма на летечка чинија.

Облак во форма на летечка чинија беше снимен од страна на туристи во Кина. Фотографиите се направени од страна на туристи кои пловеле со брод во резерватот Хелонгтан, пишува британски Сан.

nlo-kina-2

Очевидците велат дека виделе чуднен облик на летечка чинија што се движи. Медиумите во Кина шпекулираат дека облаците се формирале по природен пат како резултат на воздушните струења и планините што се близина. За оние што повеќе веруваат во „теории на заговор“ ова е уште еден доказ за посетители од друга планета.

nlo-kina-3

Сепак, има и такви што веруваат дека овој облак во форма на летечка чинија бил предизвикан од светлосен феномен во леќата на камерата, или пак дека фотографиите се обработени во Фотошоп.