Спорт

Ноа олеснет со 15.000 долари заради псуење на судиите

Ноа олеснет со 15.000 долари  заради псуење на судиите

Кошаркатор на Чикаго, Јоаким Ноа, е казнет со 15.000 долари заради навреда на судијата за време на натпреварот со Сакраменто.

Ноа во третата четвртина полуде кога му беше досудена втората техничка грешка. Кошаркарот ја загуби контролата и поединечно ги опцу тројцата судии, пред да биде исфрлен од паркетот. На овој натпревар Чикаго беше поразен со 90:70, а Ноа по натпреварот се извини заради своето однесување.

“Се извинувам, не требаше така да реагирам. Сакам да му се извинам на секој од тројцата судии. Тие само си ја вршеа својата работа . Се надевам дека ќе го прифтат моето извинување , изјави Ноа.
Французинот не ја криеше нити радоста по изрекување на казната на дисциплинската комисија.
“Мислам дека казната е коректна , бидејќи можев да заработам и суспензија. Погрешив и затоа морам да се контролирам во иднина“, додаде Ноа.