Нобеловата награда за медицина ја зема Јапонецот Јошинори Осуми

Автофагијата е од првостепена важност за истражување на обновувањето на клетките и реакцијата на организмот на глад и инфекции.

– Мутациите на гените на автофагијата можат да предизвикаат болести и процесот на автофагијата учествува во многу заболувања, како што се ракот и невролошките болести, нагласи Нобеловиот комитет.

Лауреатите за Нобаловата награда за физиологија или медицина ги определува Кралскиот Каролински медицинско-хируршки институт во Стокхолм. Наградите ги врачува кралот на Шведска на церемонија на 10 декември, кога е годишнина од смртта на основачот на Нобеловата награда, Алфред Нобел.

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и парична сума од 830.000 евра.

Првата Нобелова награда за физиологија или медиција му е доделена во 1901 година на Германецот Елим Адолф фон Беринг „за откривање на серумска терапија, која специјално се употребува при дифтерија, со што се отвора патот за медицинската наука и им дава на лекарите победничко средство против болеста и смртта“.