Нобеловецот Орхан Памук утре доаѓа во Скопје

Големиот турски писател Орхан Памук, утре доаѓа во Скопје да ја прими Mеѓународната книжевна награда „Табернакул“.

Домаќин на Орхан Памук ќе биде издавачката куќа „Табернакул“ која ќе му додели дело од него, преведно на македонски јазик, скулптура изработена од уметникот Горан Стаменков, златник и парична награда во износ од 5000 евра.

Орхан Памук е еден од најпознатите турски писатели. Неговите книги се преведени на педесет јазици и се продадени во седум милиони копии.Памук е добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година. Неговите книги „Се викам црвено“ и „Музеј на невиноста“ ја освоија светската читателска публика и за овие дела е добитник на значајни меѓународни награди

Поради неговите политички ставови, заложбата за слобода на говорот, многупати бил во судур со политичкиот режим во Турција. На утрешната прес -конференција, се забранети политички прашања за Памук.

Добитник на меѓународната книжевна награда „Табернакул“ е и рускиот писател Виктор Ерофеев.

Настанот ќе се случи во новиот објект на МНТ.