Спорт

Ночерино и Бориело нови чекани во Лондон

Ночерино и Бориело нови чекани во Лондон

Повремениот репрезентативец на Италија и сега веќе поранешен фудбалер на италијанскиот калчо гигант Милан, Антонио Ночерино во текот на утрешниот ден и официјално ќе биде претставен како најнова аквизиција на лондонскиот премиерлигш Вест Хем.

Освен потписот на 28-годишниот играч за врска, челниците на Вест Хем до крајот на денешниот ден ќе го осигураат и тој на резервниот напаѓач на Рома, Марко Бориело.

Италијанските медиуми потврдија дека Ночерино успешно ги минал задолжителните лекарски прегледи, додека Бориело е веќе на пат за Лондон.