Ночиони и Кампазо со “страст” ја прославија титулата

Реал Мадрид стана нов кошаркарски првак на Европа, а Андрес Ночиони беше јунак во големото финале и затоа имаше огромен повод за славје. Арно ама, начинот на кој ги прослави и екипниот и индивидуалниот успех ги остави сите со подзинати усти.

nocioni-i-kampaco

Сепак овој потег беше со намера, односно како поддршка во борбата против хомофобијата.

Имено, 17 мај е меѓународен ден на борбата против хомофобијата, така да нема дилеми дека Ночиони и Кампазо ги искористија очите на јавноста за да пратат порака за овој глобален проблем.

Ночиони беше брилијантен против Фенербахче, и во финалето против Олимпијакос, па ја заслужи титулата МВП, додека летното засилување Кампазо цел финален натпревар го преседен на клупата.