четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 41

„Ноември – месец на науката“ во „Скопје Сити мол“

Во рамки на настанот ќе се одржи и 41. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.

133416115

Последни вести

Во ТЦ „Скопје Сити мол“ утре и во сабота, како и во останатите викенди во ноември (11-ти и 12-ти, и 18-ти, 19-ти и 20-ти) ќе се одржува манифестацијата „Ноември – месец на науката“ која ќе опфати натпревари, експерименти, работилници, предавања и изложби за сите генерации.

Настанот првпат заедно ќе го организираат Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Република Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно-математички факултет и „Скопје сити мол“.

Во рамки на настанот ќе се одржи и 41. школа „Млади физичари“ на која учениците ќе се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти.

– Ќе бидат организирани креативни детски работилници каде најмалите ќе може на сосема поинаков начин да се запознаат со природните закони на науката. Како дел од месецот на науката ќе можат да се проследат и предавања на разни теми од сите научни области од научници од Македонија како и од гостите од странство. Покрај овие активности, низ „Скопје Сити мол“  ќе има и разни поставки  на кои  ќе бидат презентирани технички помагала и апарати, како и материјалите за работа на овие научни институции, соопшти организаторот.

Настанот ќе изобилува со многу активности, а изложбите и натпреварите во изработки, демонстрации, експерименти, симулации и модели се од отворен тип и може да ги посети секој што е заинтересиран. Програмата на „Ноември – месец на науката“ е објавена на www.skopjecitymall.mk/nauka.

Најчитани вести