Ноер ја критикува играта на Германија

На неколку часа до официјалниот старт на 1/4 финалниот дуел помеѓу репрезентациите на Франција и Германија, првиот голман на Германија, Мануел Ноер призна дека неговите соиграчи не се задоволни од прикажаната игра во осминафиналниот дуел против селекцијата на Алжир.

“И ние не сме задоволни од прикажаната игра. Не се незадоволни само германските медиуми. Сепак, на крајот од натпреварот, Германија е заслужен победник. Се бројат само победите, а лошата игра се заборава. Многу сум возбиден поради можноста да играм на “Маракана”. Ќе биде фантастично, но Франција има одличен тим. Многу силен тим, совршен на сите позиции. Мора да одиграме совршено во сите 90 минути, само така ќе обезбедиме пласман во следната рунда”, изјави Ноер.