Ноер распали по Хунтелар, Фарфан, Дрекслер и Мајер

Саботните натпревари од 23. коло во германската Бундес лига ќе поминат во знакот на дерби пресметката помеѓу вечните ривали Баерн (М) и Шалке.

Пранешниот голман на Шалке, а сега чувар на Баерн (М), Мануел Ноер без некоја посебна причина јавно ги нападна фудбалерите на Шалке со цел да докаже дека тие се највиновни за срамниот пораз од 6:1 кој го доживеаа во првиот 1/8 финален натпревар од ЛШ, против екипата на Реал (М).

“Шалке нема толку квалитетни дефанзивци, силата на Шалке е во нападот. Хунтелар и Фарфан се фудбалери кои не сакаат да се вратат на својата половина, фудбалери кои не им помагаат на дефанзивците. Си седат на противничката половина. Истото важи и за Мак Мајер и за Џулијан Дрекслер. Сепак Баерн (М) не е непобедлив тим, но за среќа, ние секогаш добиваме нов предизвик од нашиот тренер. Гвардиола е убеден дека ова не е максимумот на Баерн (М), дека има место за напредок”, изјави репрезентативецот на Германија.