Ноер се откажал после вториот погодок на Рамос

Првиот голман на баварскиот гигант, Мануел Ноер откри дека шансите за пласман во финалниот натпревар од Лигата на шампионите исчезнале во истиот момент кога Серхио Рамос го постигна и вториот погодок на реванш полуфиналниот натпревар во Минхен.

„Првите два прекини бевме на висина на задачата, но немам објаснување што се случи потоа. Рамос два пати ни даде гол, Реал поведе со 0-2 и беше јасно дека сите шанси за финалето се загубени“, изјави репрезентативецот на Германија.