Ноер си спие како бебе

Точно дека со погодокот на Матса Хумелс, Германија обезбеди пласман во полуфиналната рунда, но можеби најзаслужен за минималниот триумф во дуелот против селекцијата на Франција е репрезентативниот голман на “панцирите”, Мануел Ноер кој со неколку прекрасни интервенции спречи сигурно израмнување во самиот финиш од натпреварот.

“Успеав да ја сочувам мрежата. Тоа значи дека сум задоволен и дека ќе спијам вечерва мирно, како бебе. А потоа ќе следи вистинскиот спектакл. Остануваат уште две скалила до целта. Во полуфиналето сме, но бидете уверени дека сакаме да одиме до крај, да играме во големото финале и да го освоиме трофејот. Последни моменти се и тогаш верувајте дека ќе сторите се за да ја остварите целта. Реагирав инстиктивно, чисто голмански, секоја топка што доаѓа кон мене сакам да ја одбранам“, изјави голманот на Баерн (М).