Спорт

Ноер знае дека Баерн Минхен мора да одигра подобро

Ноер знае дека Баерн Минхен мора да одигра подобро

Првиот голман на Баерн Минхен, Мануел Ноер е убеден дека неговиот тим на реванш дуелот во Минхен ќе ја анулира минималната негатива и повторно ќе избори пласман во најважниот натпревар од Лигата на шампионите.

„Уште не е готово, има уште 90 минути што ќе ги играме во Минхен. Реал Мадрид обезбеди минимална предност, но следниот дуел ќе го играме пред нашите гледачи. Се уште е се можно, отворено е прашање за патникот во Лисабон. Доколку сакаме ние повторно да играме финале, тогаш мораме многу подобро да ги користиме нашите шанси. Кога играш дома, тогаш размислуваш дека не треба да примиш погодок. Можеби од таа идеја се водеше и противникот на овој меч. И успеа во тоа. Сигурен сум дека Реал Мадрид и во реваншот ќе биде опасен“, изјави репрезентативецот на Германија.