NoHateNoFear, иницијатива на ПССЕ

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска ја лансира иницијативата  #NoHateNoFear (Не Омраза Не Страв) како одговор на тероризмот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

По тој повод на специјална церемонија, на почетокот на летната сесија пратениците станаа и заедно рекоа  НЕ на омразата и стравот. Тие притоа се заложија за спроведување на таа иницијатива во нивните национални парламенти.

“Ние мора да jа спречимe меѓусебната недоверба и непријателство која ја предизвикува  стравот од тероризмот, бидејќи тоа е лоша работа. Ова е главната цел на иницијативата на Собранието #NoHateNoFear “, изјави претседателот на ПССЕ Педро Аграмунт.

– Тероризмот стана дел од нашите животи. Ужасните напади во Истанбул, Брисел, Тунис, Париз, а неодамна во Орландо им одзедоа животи на наши сограѓани. Ваквите убиства мотивирани од омраза оставија длабоки лузни за кои ќе бидат потребни години да исчезнат.

Тероризмот е пресметано насилство за да се создаде клима на страв, вознемиреност, паника, очај, гнев и омраза.

Сепак, тероризмот не може да успее ако дозволиме нашиот страв и гнев да ги диктира нашите постапки.

Ние не мора да паднеме во оваа стапица. Ние треба да ги спречиме терористите да ја постигнат својата цел: да создадат поделба.

Нашите иницијативи во борбата против тероризмот мора да се во согласност со вредностите кои не обединуваат: човековите права, демократијата и владеењето на правото. Советот на Европа и Парламентарното собрание ги бранат овие вредности. Ние мора да ја гарантираме безбедноста без прекумерно ограничување на нашите слободи, без да се впуштаме во незаконски мерки или ограничување на граѓанските права. Ние мора да одржуваме динамично граѓанско општество кое промовира отворена дискусија и гради доверба и разбирање.

Ние мора да се бориме против стигматизација на одредени групи во општеството преку погледи на недоверба, нетолеранција, дискриминација и говор на омраза, особено во политиката.

Ако овие феномени не се контролираат, тие ќе ги зајакнат популистичките движења кои играат на безбедност како просто средство, за борба против тероризмот.

Ги повикувам особено политичарите да ја преземат одговорноста и да ја понесат одговорноста  против стравот и омраза, и да ги промовираат основните слободи и вредностите на толеранција, недискриминација и почитување на човековото достоинство. Со конкретни нивните активности во рамките на нивните парламенти и нивните изборни единици, парламентарците може да помогнат да се имунизира општеството од страв и омраза “, рече Аграмунт.

Со иницијативата  #NoHateNoFear, ПССЕ сака да мобилизира голем број политичари, верски лидери, интелектуалци, новинари, претставници на граѓанското општество и граѓаните – да речат  “не” на стравот и омразата.

По почетокот од церемонијата, претседателот на ПССЕ, ја поздрави силната порака испратена од страна на францускиот новинар Антоан Леирис на неговата Фејсбук страница откако ја изгуби својата  сопруга во терористичките напади во Париз. “Таа е во срцето на нашата иницијатива”, рече тој.