Нојер најдобар за 2014 година

Додека изборот на најдобриот фудбалер на светот во 2014-та година во изборот на ФИФА се уште се очекува, познатиот француски спортски весник „Л’Екип“ го објави својот избор на „ТОП 100“.

На првото место се најде голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација Мануел Нојер.

-Светскиот првак во 2014-та година е во изборот на тројцата најдобри за „Златна топка“ на ФИФА и на Франс Фудбал. Првакот на Германија со Баерн Минхен, се надева дека ќе го повтори успехот на Лав Јашин кој е единствениот голман кој ја имаше честа во 1963-та година да го добие ова признание. За многумина, особено поради неговите излетувања од шеснаесетникот, Мануел Нојер е револуционер на својата позиција. Поради овие успеси заслужено ќе биде на врвот на најдобрите 100, објаснува Л’Екип.

Веднаш зад Нојер се најдоа Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои му се конкуренција на голманот во изборот за „Златната топка“. Четвртото место му припадна на Арјен Робен, додека првата петорка ја заокружува Филип Лам.

Најдобрите 20 фудбалери за 2014-та според „Л’Екип“:

1. Мануел Нојер (Баерн Минхен/Германија)

2. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Португалија)

3. Лионел Меси (Барселона/Аргентина)

4. Арјен Робен (Баерн Минхен/Холандија)

5. Филип Лам (Баерн Минхен/Германија)

6. Анхел ди Марија (Манчестер Јунајтед/Аргентина)

7. Нејмар (Барселона/Бразил)

8.Томас Милер (Баерн Минхен/Германија)

9. Луис Суарез (Барселона/Уругвај)

10. Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ/Шведска)

11. Тони Крос (Реал Мадрид/Германија)

12. Диего Коста (Челзи/Шпанија)

13. Карим Бензема (Реал Мадрид/Франција)

14. Герет Бејл (Реал Мадрид/Велс)

15. Серхио Агуеро (Манчестер Сити/Аргентина)

16. Еден Азар (Челзи/Белгија)

17. Хамес Родригез (Реал Мадрид/Колумбија)

18. Хавиер Маскерано (Барселона/Аргентина)

19. Пол Погба (Јувентус/Франција)

20. Марио Геце (Баерн Минхен/Германија)