Нокиа заминува во историјата

Некогаш најпопуларниот произведувач на мобилни телефони, брендот „Нокиа“ и официјално ќе престане да постои.

Мајкрософт, компанијата сопственик на Нокиа, конечно и официјално го потврди она што се очекуваше подолго време.

Компанијата во идните неколку недели ќе престане да ја користи ознаката „Нокиа“ на своите мобилни телефони.

Освен брендот „Нокиа“, ќе престане да се користи и брендот „Windows Phone“.

Новите телефони ќе ги користат ознаките „Microsoft Lumia“.