„Ноќ на музеите“ во Музејот на Македонија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На 16-ти мај 2015 година во Музејот на Македонија ќе се одржи манифестацијата„Ноќ на музеите“. Овој настан повеќе од десет години се организира во музеите низ целиот свет, по повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај.

Во рамките на „Ноќта на музеите“во 20 часот ќе бидат отворени две изложби.Тематската поставка насловена „Изложбени плакати од Музејот на Македонија“ презентира избор на постери печатени по повод отворања на изложби, почнувајќи од востановувањето на оваа комплексна музејска институција во 1984 година до 2014 година. Автор на концепцијата за изложбата е Нада Андоновска, стручен соработник за односи со јавноста и координатор на манифестацијата.

На изложбата„ Карикатури на македонски револуционери и војводи“презентирани се триесет дела на академскиот сликар Никола Анѓелкоски. Изложбата фрла едно поинакво светло на нашите познати историски личности. Автор на концепцијата за изложбата е д-р Мирјана Нинчовска, кустос советник по историја.

Покрај новоотворените поставки, посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата „Најмило мое… дете, бебе, руљче, џагуре“ на Фима Трајковска, кустос-советник во Етнолошкиот оддел, како и постојаните музејски поставки.

Музејот ќе биде отворен од 19.00 до 01.00 часотпо полноќ, а влезот ќе бидебесплатен.