недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 26

Ноќно искачување на Водно

Настанот е од јавен карактер и може да учествуваат сите кои се чувствуваат подготвени да се искачат до познатиот крст на Водно.

водно

Последни вести

Иницијативата „Осветли го Скопје“ организира ноќно качување на планината Водно до Милениумскиот крст на 30јуни.

Настанот е од јавен карактер и може да учествуваат сите кои се чувствуваат подготвени да се искачат до познатиот крст на Водно. Времетраењето на искачувањето е помеѓу час и половина и два часа, по патека со должина од речиси пет километри.

Збирното место на авантуристите ќе биде основното училиште „Кочо Рацин“ нешто по 19 часот. Организаторите ги советуваат учесниците со себе да понесат, топла облека, вода и овошје, како и фенерче.

Најчитани вести