За да нема гужва: Ноќно обележување на градските улици

Продолжува акцијата за ноќно обележување на хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите во главниот град.

Како што информираат од Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја продолжуваат акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во ноќните часови, кога е намалена фрекфенцијата на возилата.

Ноќно обележување на булеварите

Во текот на изминативе денови рачно се бележеа сите пешачки премини на Јужниот булевар и на булеварот „Мајка Тереза“, пешачките премини со ознаките ШКОЛО на улицата „Тодор Александров“ и на улицата „Ацо Караманов“, како и пешачките премини на булеварот „Гоце Делчев“, под скопското Кале, информираат од градот.

Ноќно обележување на хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите
Ноќно обележување на хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите

Во рамки на тековното ноќно обележување на градските улици, машински беше обележан булеварот „Никола Карев“, на потегот од клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар до објектот на Американската амбасада.

Се поправаат и сообраќајните знаци

Паралелно со тековното ноќно обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици деновиве се обновува и вертикалната сигнализација.

Поправени се дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици, а каде што имаше потреба без поставени нови сообраќајни знаци.