Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница ги избра Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски за нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Нола Исмајлоска доаѓа од Општинскиот комитет Струга. Таа има завршено на медицинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На последните предвремени парламентарни избори беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија од изборна единица 5.

Во Собранието на Република Македонија членува во комисиите за комитетот за односи меѓу заедниците, за европски прашања.

ikik-eden

Пратеникот Фатмир Имероски кој на последните парламентарни избори беше избран за пратеник, потекнува од Дебар. Завршил на Факултетот за економија и менаџмент, ВУАРР во Република Бугарија и се стекнал со титулата Дипломиран менаџер по економско управување.

Во Собранието на Република Македонија членува во Буџетскиот совет и членува во комисиите за транспорт, врски и екологија и комисијата за прашања на изборите и именување.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја спроведува практиката на освежување на своите кадри, кои што со својата посветеност ќе го дадат максиумот за унапредувањето на работата.