Ноле и Шарапова избрани за најдобри спортисти во 2014-та

Според гласањето на спортската академија на САД, актуелниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар светски спортист за 2014-та година.

Србинот го освои ова признание победувајќи ја својата најтесна конкуренција – кенискиот атлетичар Денис Кимето и аргентинскиот супсерстар на Барселона, Лионел Меси.

На 30-от по ред ваков избор, наградата за најдобра спортистка ја освои руската тенисерка Марија Шарапова, која победи пред атлетичарката од Етиопија Грензебе Диаби и пливачката Кеди Ледецки.