Ноле извини – Наставниците на првиот светски рекет признаваат дека згрешиле!

Ноле извини - Наставниците на првиот светски рекет признаваат дека згрешиле!
Ноле извини - Наставниците на првиот светски рекет признаваат дека згрешиле!

 Во времето кога Новак Ѓоковиќ бил ученик, професорите немале многу разбирање за неговите обврски.

Директорката на српското ОУ „Бора Станковиќ“, Здравка Маријановиќ, во интервју за „24 сата“ раскажува како наставниците „згрешиле“ во врса со Новак.
Имено, Новак петтото одделение го завршил вонредно, бидејќи спортските обврски не му дозволувале да доаѓа редовно на училиште, а неговите неоправдани станале голем проблем бидејќи професорите не биле благонаколнети кон тоа, па со самото тоа, и испитите му биле многу потешки.
-Тоа  ни беше добра лекција. Кон денешните генерации сме многу потолерантни. На неговиот приер научивме дека треба да ги поддржуваме спортистите и да имаме максимално разбирање за нивните амбиции, вели директорката.
Таа раскажува дека никој тогаш не можел ни да претпостави дека малиот Новак ќе биде прв светски рекет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.