Нонковиќ: Целта на сценариото е редефинирање на Македонија

Новинарот Бобан Нонковиќ на својот профил на Фејсбук објави информации кои кружат во Брисел, а кои се поврзани со последните случувања во Македонија.

Тој предупредува дека воопшто не е случајна активизацијата на Метју Нимиц токму во овој период, но дека целта не е само промена на името и идентитетот на државата, туку и целосно редефинирање на Македонија, нешто што веќе како барање го испорачаа партнерите на СДСМ од албанскиот блок, БЕСА.

Нонковиќ алармира и за планот за поделба на македонската територија меѓу Бугарија и Албанија, а во кој контекст ја споменува и позицијата која ја зазеде Борисов декларирајќи се како „пријател на социјал-демократот Заев“.

Во овој контекст е и радикализацијата на ветераните на УЧК, што преку т.н. движење БЕСА ќе треба да се покажат со сета жестина и во петок на митинг во Скопје, како и заканите на албанскиот премиер Еди Рама дека „без редефинирање на Охридскиот договор и подобра позиција на Албанците во Македонија-Албанија ќе го блокира влезот на Македонија во НАТО“, пишува Нонковиќ.