Нонковиќ: Обвинувањето дека Хан е корумпиран и платен од Груевски е блам и гнасна измисица

На преговорите беше и Дејвид Кулен, тоа е човекот кој е задолжен за досието Република Македонија во ЕК, тој го пишува извештајот за Македонија кој во октомври секоја година го издава Европската комисија и кој изминатите шест години содржеше препорака и предлог за отворање на пристапните преговори поради висока усогласеност на македонското со европското законодавство, рече новинарот Бобан Нонковиќ во емисијата „Јади Бурек“ на Сител 3.

– Тоа  човек, се разбира е во сенка, но преку посредници Хан ја испраќа пораката официјално бидејќи тој е еврокомесар, не може Кулен кој е оперативец тоа да го каже, дека ако вака продолжи оваа криза што ја наметна СДСМ и Заев не може да се даде препорака за Република Македонија. Човекот влегуваше и излегуваше. Соросоидните новинари успеаја да се протнат до некој кат, бидејќи новинарите беа шест ката подоле од местото на преговарање, па да стигнат бриферите од СДСМ да им кажат за да спинуваат лажни информаци, рече Нонковиќ.

Тој нагласува дека пред еден месец во Стразбур, Заев бил единствениот кој од состаноците што беа тет-а-тет, значи четворката без соработници, излезе повеќе од десет пати.

– Тоа значи консултации, брифинзи, карање по телефон. Ако тоа го прави со Стразбур може само да се замисли што правел во Скопје и сега во Брисел кога успеа да ги урне преговори. Тие такви брифинзи постојано се случуваа, рече Нонковиќ.

Дописникот на МИА нагласи дека ден пред почетокот на преговорите беше лиферувана една шема за тоа како ќе се одвиваат работите од ЕК, а тоа дека најпрво ќе започнат со одвоени средби, а понатаму како ќе траат преговорите така ќе се менуваат и форматите. Но, утрината пред да почнат разговорите се смени форматот и ЕУ и комесарот Хан одлучи да тргне директно со четирите лидери заедно, па потоа да се одржат одвоени средби со четирите делегации.

-Хан навистина имаше енергија и желба да го реши ова со договор. Јоханес Хан кој на први ноември минатата година ја превзема палката на проширување од Штефан Филе, ова беше прва посериозна задача со која директно се фати. Обвинувањето дека Хан е корумпиран и платен од Груевски, како што објавија опозициските медиуми, е најголем срам за една група која сака да се претставува како новинарско интелектуално влијателно крило во Македонија. Тоа е блам, се работи за еврокомесар кој доаѓа од Австрија. Тоа се небулози, гнасни измислици. Некои од тие новинари знаат во ЕК со првиот ден од изборот на еврокомесар, тој се откажува од државните интереси, бидејќи секој од нив доаѓа од 28 различни земји членки на ЕУ и второ забораваш на партија и партиски активности, рече Нонковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.