Македонија

Нонковиќ: Соросоидната квази интелектуална т.н. елита и Заев несакаат кризата да се реши

Нонковиќ: Соросоидната квази интелектуална т.н. елита и Заев несакаат кризата да се реши

Вчера во Брисел Европската унија, САД и официјалните македонски власти и претставници на најголемите политички партии дојдоа да се договорат за да стават крај на кризата што ја создаде еден човек и една партија, тоа е Зоран Заев и СДСМ. И токму тој еден човек вчера дојде и успеа да предизвика да не се постигне договор, односно кризата што тој ја создаде да не се реши во Р. Македонија. Ова синоќа во емисијата „Јади бурек“, го посочи дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ.

Според Нонковиќ, кој директно ги следеше повеќечасовните преговори, преговорите не дадоа плод само поради тоа што оној што ја создаде политичката криза во Македонија едноставно не сака истата да се реши, а тоа е Зоран Заев и се разбира тие околу него, тоа се оние соросоидно квази интелектуална т.н елита што кружи околу него и му дава совети и по чии дефинитивни насоки постапува.

-Тие не дозволија тој да се согласи на тоа што веќе се согласи минатата недела во Скопје, а тоа е во Македонија да се создаде позитивна клима за одржување на предвремени парламентарни избори што е желба на секоја опозиција насекаде во светот освен се разбира во Македонија, рече Нонковиќ.

Тој оцени дека со одржување на предвремени парламентарни избори народот, како во секоја демократија, ќе можат да го каже своето, дали и кој е во право, а во Брисел сите преговарале освен Зоран Заев.

-Вчера за жал СОРОС и СДСМ имаа донесено неколку новинари и камери во Брисел и тиа низ разни ходници се обидуваа, преку квази брифинзи со учесниците на СДСМ од средбата, а таму освен Заев беше Радмила Шекеринска и Рената Дескоска да лиферуваат спин информации, обратно извретни информации и лажно да информираат за настаните на тие преговори, рече Нонковиќ.