Нора Алити на Конференција на комисиите за европски прашања на ЕУ-КОСАК

Заменик претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Нора Алити ќе учествува на Конференција  на  комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ- КОСАК, што во рамките на  италијанското претседателство со ЕУ ќе се одржи од денеска до 3 декември во Рим, Италија.

На Конференцијата за улогата на италијанското претседателство со ЕУ обраќање ќе има  Матео Рензи, претседател на  Италијанскиот совет на министри, а ќе стане збор и за улогата на европските институции – пет години  по  Лисабонскиот договор, како и за „Стратегијата  Европа 2020:  раст, вработување и конкурентност“.

Предвиденo е да се одржи и  расправа за евроинтеграциските перспективи на тема „Глобалната улога  на ЕУ и проекцијата на нејзините политики во Медитеранот и Источна Европа“.