NORAD: Дедо Мраз засега се движи „според распоредот“

Командниот штаб на северноамериканската воздушна и вселенска одбрана (NORAD), чијашто задача да го штити небото над САД од непријателски проектили, може да знае и каде во секој момент се наоѓа Дедо Мраз.

NORAD ги следи Дедо Мраз и неговата санка и традиционално објавува поединости од неговото патување од 1955 година.

Дедо Мраз и неговите елени се движат „точно според распоредот“ и веќе им ги испорачаа подароците на децата во Јапонија, Тајланд, Сингапур и на други места на источната хемисфера, објави NORAD на својата сметка на Twitter.

Јавноста може да пристапи на програмата Santa Tracer, како што формално се вија, на интернет страницата noradsanta.org или на Twitter каде што до понеделникот постојано ќе се ажурират податоците за движењето на Дедо Мраз по светот.

Како што Дедо Мраз ќе им се приближува на САД, се очекува дека претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија ќе му се приклучат на тимот кој одговара на телефонскит повици на јавноста.

Во традицијата долга речиси шест децении NORAD со својата напредна технологија го следи движењето на Дедо Мраз и ја известува јавноста кога може да го очекува во некое место. Пред дигиталната ера целата операција се темелела само на телефонски повици, но по појавата на итернетот прераснала во сложена програма со којашто армиајта сак да ѝ се приближи на јавноста.

Американската противвоздушна одбрана е многу важна служба формирана во времето на блоковската Студена војна задолжена за заштита на САД и Канада и набљудување на можни воздушни напади и лансирање на нуклеарни проектили. Меѓутоа, како и секоја година од 1955-та наваму, нејзините моќни радари и сателити се користат и за следење на патот на Дедо Мраз.

И годинава се повторува приказната како со обична забуна дошло од спојувањето на NORAD и Дедо Мраз. Традицијата започнала пред 60 години кога во рекламата на стоковната куќа „Sears, Roebuck & Co“ ги повикале децата директно да му се јават на Дедо Мраз на телефонски број. Меѓутоа, бројот во рекламата содржел и грешка. Наместо бројот од приватниот телефон на Дедо Мраз, децата така го добиле бројот на Континенталната команда на воздушната одбрана во Колорадо, претходникот на NORAD.

Во Командата ја сфатиле грешката, но ја прифатиле играта. „Созададена е една од најдобрите воени пиар кампањи во XX век. Во времето на Студената војна армијата веднаш ја прифати идејата дека Дедо Мраз е под заштита на американските сили“, оцени пред две години  Мет Новак, авторот на популарниот блог Paleofutureл која се занимава со историски идеи и визии.

Од тогаш илјадници волонтери почнувајќи од 24-ти декември во 12 часот по македонско време се јавуваат од телефоните на NORAD во контролниот центар на Колорадо Спрингс и децата ги известуваат каде во тој момент се наоѓа Дедо Мраз. Празничниот маратон трае 23 часа во пресрет католички Божик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.