Нормализиран сообаќајот за камиони на патот Скопје – ГП Долно Блаце

Магистралениот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце во 10:30 часот е пуштен за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Претходно укинати се забраните за камиони и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, како и на планинските превои Плетвар и Стража.

Забрани за камиони се уште има на планиските премини Ѓавато и Маврово, како и на патниот правец Валандово – Дојран.