Балкан

Нормализиран сообраќајот на граничните премини меѓу Србија и Хрватска

Нормализиран сообраќајот на граничните премини меѓу Србија и Хрватска

Нормализиран сообраќајот на граничните премини меѓу Србија и Хрватска. Товарниот и патничкиот сообраќај на граничните премини Шид – Товарник и Батровци – Бајаково денес се одвива нормално, откако со одлука на владите на Србија и Хрватска се укинати мерките и блокадите на граничните премини меѓу двете земји, јавува „Танјуг“.

Танјуг јавува дека сообраќајот се одвива без било какви проблеми, а чекањето е малку подолго за товарните возила поради долгата колона што се направи во текот на изминатие денови.

Српската влада синоќа ги укина контрамерките преземени кон Хрватска откако државата претходно ги одблокира сите гранични премини кон Србија.

Одлуката веднаш стапи на сила, па камионие и стоката од Хрватска по 22 часот тргнаа да влегуваат во Србија според вообичаената процедура.

Хрватска претходно во 17 часот ги одблокира сите гранични премини со Србија.

Одлуката за затворањето на границите Хрватска ја воведе ноќта помеѓу неделата и понеделникот и тоа најпрво за товарните возила, а потоа ја прошири на сите возила со српски регистарски ознаки, а привремено дури и на граѓаните со српски пасош.