Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Блаце

Како што информираат од АМСМ, од 07.30 часот сообраќајот на Граничниот Премин Блаце, кој беше  во прекин поради излизгување на товарно моторно возило  е нормализиран.

Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Поради силен северен ветар на патните правци Штип – Кочани, клучка Штип – Радовиш и Св.Николе – Куманово наместа има појава на намети од снег на коловозот. Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен и работат на расчистување на истите. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот после интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат.

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Гостивар, Маврово, Кула, на планинскиот превој Стража и на гр. премин Блаце.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.