Нормализиран сообраќајот на патот Крушево-Битола

Сообраќајот на патниот правец Крушево – Битола кој беше затворен поради голомразица, е нормализиран за сите видови возила.

Регионалниот пат Крушево – Битола беше затворен за сообраќај од изутрината во 06:15 часот.