Нормализиран сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Нормализиран сообраќајот на патот Маврово-Дебар

На патниот правец Маврово-Дебар во близина на манастирот Бигорски, екипите на “Македонија пат“ ја одстранија карпата од коловаз по што сообраќајот е нормализиран.

Една поголема и неколку помали карпи кои синоќа доцна вечер паднале на коловозот, го отежнуваа одвивањето на сообраќајот на регионалниот патен правец Мавровo-Дебар.

Според денешните информации од СВР Тетово, во непосредна близина на бензинската станица на „Макпетрол“ кај манастирот „Бигорски“, дошло до одрон, при што една карпа со поголеми димензии го попречува движењето по едната и дел од другата коловозна лента. Заради безбедносни причини, сообраќајот на овој дел од патот се пренасочува со соодветна сигнализација преку бензинската.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.