Нормализиран сообраќајот на патот Ресен-Битола-Прилеп

Автомото сојузот на Македонија соопшти дека од 17:45  часот вечерва е нормализиран сообраќајот на  магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп,  за секаков вид сообраќај.

Сообраќајот беше во прекин поради блокадата кај местото „Баир“ што во 14:40 часот денеска  попладне ја поставија 40-ина лица од ромска националност.

Во тек на блокадата сообраќајот се пренасочуваше низ централното градско подрачје на Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.