вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Нормализиран железничкиот сообраќај кон Грција

Како што посочи директорот на Македонски железници Транспорт, Никола Костов во изјава за Нетпрес од денес од 9.00 часот веќе е нормализиран железничкиот сообраќај кон нашиот Јужен сосед.

pruga-idomeni

Поврзани вести

Од денеска се нормализира железничкиот сообраќај кон Грција. Како што посочи директорот на Македонски железници Транспорт, Никола Костов во изјава за Нетпрес од денес од 9.00 часот веќе е нормализиран железничкиот сообраќај кон нашиот Јужен сосед.

Се очекува дека повторно ќе биде воспоставена и редовната железничка линија кон Солун, но тоа наскоро ќе биде официјализирано.

Имено, железничкиот транспорт кон Грција околу 70 дена беше во прекин, поради дивиот бегалски камп кај Идомени на грчка страна. Со целосното расчистување на бегалците и мигрантите од овој камп, повторно се нормализира и железничкиот сообраќај.

Огромни загуби за МЖ Транспорт поради блокадата на пругата

Македонски железници во изминатиот период претрпе огромни загуби од блокадите на железничкиот транспорт. Според официјалните податоци, како што посочува Костов денеска е 70-тиот ден како железничкиот превоз беше во прекин, а директните загуби се проценуваат на околу 2 милиони денари. Со индиректните загуби, до денеска, вкупно претпријатието е во загуба за околу 4 до 5 милиони денари.

Огромни загуби за МЖ Транспорт поради блокадата на пругата

Огромни загуби за МЖ Транспорт поради блокадата на пругата

Пред околу 20-тина дена Костов веќе информира дека претпријатието трпи огромни штети поради прекинот на сообраќајот и поради блокадата на пругата.

Со оглед дека веќе ги имавме склучено договорите за 2016 година со странските и со домашните компании МЖ Транспорт е најголемиот губитник  од блокадата на железницата на грчка страна, потенцира Костов.

Во најпродуктиниот период од годината за работа, како што рече Костов, обемот на превоз е сведен на 20 до 30 проценти од планираните  80 проценти за изминатите пет месеци.

Товарниот превоз е намален за 80 проценти споредено со ланскиот период и очекуваните и договорени превози за годинава. Сега Македонски железници со 3.000 вработени работи со 20 проценти од капацитетите. Ова е трагедија и хаос за МЖ. Апелирам до ЕУ до грчката страна да излезат во пресрет на Македонска железница, македонското стопанство и севкупно за односите и за слободен проток на патници и стока ова што побргу да се реши, изјави Костов.

Регистрираните штети од 1,5 милиони евра, тогаш укажа Костов, се уште поголеми ако го земеме предвид фактот дека преку МЖ вози целокупното македонско стопанство.

Нема веќе бегалци во Идомени

Инаку во текот на изминатата недела грчките власти организирано ги пренесуваа бегалците што беа сместени во дивиот бегалски камп кај Идомени.

Пренесување на бегалците од дивиот камп кај Идомени

Пренесување на бегалците од дивиот камп кај Идомени

Во четвртокот попладнето грчките власти соопштија дека целосно го испразниле дивиот бегалски камп кај граничниот премин Идомени и сите мигранти од таму ги префрлиле во прифатните центри во северна Грција.

Дивиот камп кај Идомени, во близина на грчката граница кон Македонија, постоеше неколку месеци и во него во еден момент престојуваа дури 12.000 мигранти.

Последните неколку илјади мигранти со автобуси или пеш беа префрлени во околните бегалски прифатни центри.

Акцијата за префрлување на мигрантите траеше три дена и во тој период влез во кампот им беше забранет на новинарските екипи и на активистите на хуманитраните организации, со исклучок на претставниците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и на „Лекари без граници“.

Најчитани вести