Нормализирана испораката на топлинска енергија, потрошувачите од строгиот центар на градот повторно имаат греење

Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општина Центар, кои во текот на вчерашниот ден останаа без греење поради дефект на топловодната мрежа кај ТЦ Палома бјанка, е нормализирана.

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи во текот на вчерашниот ден успеаја да го санираат дефектот и да ја нормализираат испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.