Нормализирано производството во рудниците Злетово и Тораница

Рударите од рудниците Злетово и Тораница се вратија на работа.

Од рудниците преку официјално соопштение известуваат дека за време на викендот мал број на рудари одбиле да се симнат во јамите и да започнат со работа и истовремено ги спречувале и останатите рудари да го сторат истото.

Активностите биле оркестрирани од мала група на вработени и индивидуалци, водени од лични интереси.

По постигнувањето договор, односите меѓу менаџментот и вработените се развиваат во позитивна насока.