Нормални мажи, мастурбираат на работа и носат шминка

Верувале или не и тие живеат меѓу нас. Меѓу нив е и вашето поранешно и вашето идно момче, а секоја жена има своја дефиниција што значи да се биде нормален маж.

Таква дефиниција на нормален маж не постои, но часописот „Есквајар“ направи анкета и се обиде да разјасни што е нормално.

Мажите и жените можат да бидат пријатели, 44 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат барем една пријателка која нема никакви чувства ниту сексуални помисли. Сепак, изјавија дека преферираат машко друштво, поради едноставноста на односот.

Зборуваат „те сакам“ барем еднаш дневно, барем 66 отсто од нив велат дека постои минимално една личност која дневно ја почестуваат со овие убави зборови.

Не сакаат стриптизети барем 37 отсто од нив и велат дека никогаш не би отишле во стриптиз клуб. Оваа бројка сепак е изненадувачка.

Мастурбираат на работа и 24 отсто од нив тоа го прават барем еднаш, а има и такви кои се колнат дека тоа никогаш не го правеле дури ни дома, дури девет отсто и се надеваме дека лажат.

Сакаат маникир, дури 25 отсто тоа го прават често, а 22 отсто од испитаните мажи признаваат дека барем еднаш користеле коректор.