Магазин

Норвешка ги добива најубавите пари во светот

Норвешка ги добива најубавите пари во светот

Скандинавците уште еднаш ја потврдија репутацијата на фантастични дизајнери, а Норвешката репутација е една од најпосакуваните земји за живот. Централната норвешка банка на почетокот на оваа година распиша конкурс за дизајн за новите хартиени пари, темата била „море“, а одбраните решенија, но и оние кои сепак нема да се најдат на официјалната валута на Норвешка го воодушеви светот.

Во последниот круг влегле осум тимови, а жирито одлучило да се помешаат работите на два кандидати и да искористи еден предлог за предната страна, а другиот за задната страна.

Така на лицато на банкнотата ќе биде работа на тимови „Метрик систем“ и Треј Тенесен, кои се опишани како „отворени, светли и типично нордиски“, додека на лицето ќе бидат модерни, со пикселен дизајн и тимот „Снохета дизајн“.

„Кога ќе се склопат контрастите, кога мекото ќе се сретне со остро, а дигиталното со аналогното, настанува динамика. Нашиот дизајн пред се претставуваат пикселите, визуелниот јазик на нашето време“, наведуваат од победничкиот тим.

Официјално е соопштено дека на одбраниот дизајн ќе продолжат да работат стручни лица за тие да не можат парите да се фалсификуваат. Општиот впечаток е дека една од најбогатите нации во светот во 2017 година ќе ги има најдобрите пари во светот.

Сите победнички предлози можете да ги прегледате во официјалниот документ на Централната норвешка банка, а во фотогалеријата која ви ја претставуваме се наоѓаат и некои од креативните предлози кои сепак нема да се најдат на официјалната валута, но секако го заслужуваат светското внимание.

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu g (2)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu (4)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu f (2)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu f (3)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu f (4)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu f

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu g (1)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu g (3)

Norveška dobija najlepše novčanice na svetu g