Норвешка против Шведска, Црна Гора против Шпанија – познати полуфиналните двојки на ЕП во ракомет

По вчерашните одиграни натпревари на ЕП во ракомет за жени, познати се и полуфиналните двојки.

Норвешка ќе игра против Шведска и е благ фаворит за пласман во големото финале, додека бранителот на титулата, репрезентацијата на Црна Гора ќе игра против изненадувачки силната Шпанија.

Инаку вчера беа одиграни неколку навистина интересни натпревари, а како највозбудлив може да се издвои дуелот помеѓу Црна Гора и Шведска. Иако Швеѓанките водеа на полувреме со убедливи пет гола разлика, 18:13, сепак во вториот дел Црна Гора заигра онака како што и се очекува од неа и славеше со 30:29.

Група 1:
Полска – Романија 19:24
Шпанија – Данска 29:22
Унгарија – Норвешка 29:25
Табела: Норвешка 8, Шпанија 6, Унгарија 6, Данска 5, Романија 5, Полска 0.

Група 2:
Шведска – Црна Гора 29:30
Германија – Словачка 36:22
Франција – Холандија 20:18
Табела: Црна Гора 8, Шведска 7, Франција 7, Холандија 5, Германија 3, Словачка 0.