Норвешки олимпиец заврши зад решетки поради возење во пијана состојба

Норвежанецот Петер Нортуг, кој два пати беше олимписки шампион во нордиско скијање, е казнет со 50 дена затворска казна и 30.000 долари поради возење во пијана состојба.

Како што јавуваат норвешките медиуми, судот му ја одзема возачката дозвола на скијачот на пет години. Дваесетиосумгодишниот Нортуг признал дека возел во алкохолизирана состојба, откако удрил во заштитната ограда на автопатот во мај оваа година и ја прифатил казната која судот му ја изрече.

Тој нагласи дека жали поради овој случај, но истовремено изрази задоволство што ова негово неодговорно однесување не предизвикало голема штета.