Норвешка: Бегалците на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе

Норвешките политичари имаат „брилијантна“ идеја како да го решат проблемот со бегалците од Блискиот исток. Тие ќе се сместат на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе.

Имено, тие се досетиле дека може да ги населат на Свалбард, напуштениот архипелаг во северниот Атлантик. И тука не би имало никаков проблем, освен тоа што на тие острови има повеќе поларни мечки од луѓе.

Сепак норвешките политичари се упорни и сто отсто се уверени во исправноста на сопствените идеи. За таа цел веќе е контактиран и гувернерот на Свалбард, кој треба да ја легализира таа идеја, со оглед на тоа што Свалбард не е дел од Шенген зоната и неможе „така лесно“ да ги прими бегалците.

Со што ќе се занимваат бегалците на тоа подрачје?

Повеќе од 2.800 жители на островите воглавно се рудари, а проблемот е што најголемата компанија на Свалборд, Сторе Норс, неодамна објави дека ќе подели 150 откази.

Ќе направиме прифатен центар и ќе смислиме некои работни места. Европа е под силни напади и нашите етички стандарди се под големо искушение, изјави Еспен Клунгсет Ротеватн, лидер на норвешките „Зелени“.

Норвешка: Бегалците на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе
Норвешка: Бегалците на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе

Со идејата за испраќање на бегалците на север се сложија сите освен Напредната партија, која жестоко се бори против имигрантите. Минатиот месец еден член на таа партија предложи 10.000 мигранти да бидат испратени на остров, но само за да им се покаже колку малку место има во Норвешка.

Единствениот проблем во целата приказна е што Свалбард има посебен статус во Норвешка и дека правно е мошне тешко да се наседат луѓето на островите каде има повеќе поларни мечки од луѓе.

Сепак политичарите се надеваат дека тоа ќе биде изводливо и дека бегалците, што цел живот го поминале на работ на пустината, ќе уживаат во вечниот снег и мраз, пренесува јутарњи.хр.