Норвешка испраќа вооружена единица на границата со Русија

På oppdrag med POMLT (Police operational monitoring liason team) som består av norske og amerikanske soldater, og sivilt norsk politi i Dowlatabad i Faryab provinsen, Afghanistan.On a mission with POMLT (Police operational monitoring liason team). The group are Norwegian and US soldiers, and Norwegian civilian police on patrol in Dowlatabad in Faryab province, Afghanistan

Норвешка планира да распореди вооружена единица на арктичката граница со Русија, но и да купи тенкови и артилерија како одговор на зголемената опасност.

Министерката за одбрана Ине Ериксен Сореид, при денешното образложување на планот не ја спомена директно Русија и потенцираше дека Норвешка во моментов не е соочена со конкретна воена закана.

– Безбедносната ситуација е се помалку предвидлива и со се повеќе предизвици. Тоа влијае на организацијата на војската, изјави министерката пред новинарите.

Членките на НАТО, но и соседните земји, изразуваат се поголема загриженост од амбициите на Москва, посебно по анексијата на Крим и руските копнени и воздушни воени вежби во регионот, коментираат западните медиуми.

Владата на Данска вчера соопшти дека во следните пет години сака да го зголеми одбранбениот буџет за 20 отсто, како одговор на зајакнатата воена активност на Русија во источниот и северниот дел на Европа.

Тоа вклучува основање нова бригада од 4.000 војници, која би дејствувала во балтичкиот и нордискиот регион, би била опремена со против-воздушни ракети, тенкови, артилерија и противподморнички средства.