Норвешка: Околу училиштата ќе се поставуваат чувари за азиланти

Околу училиштата во Норвешка ќе бидат поставени чувари за азиланти со цел да се заштитат децата од нападите од страна на мигранти, јавува „Дејли експрес“.

Градскиот совет воведе посебни безбедносни мерки откако претходно беше најавено дека во близина ќе биде отворен центар за бегалци. Преплашените родители по случаите на силување и злоупотреба на девојчиња во Европа, инсиситирале на тоа да се воведат мерки со кои ќе се заштитат нивните деца.

Инаку  Центарот за мигранти ќе биде отворен само на стотина метри од Училиштето Лајсакер во Берум. На јавната расправа родителите рекоа дека нивната општина, со одлуката за отварање на Центарот е под закана и дека безбедноста е загрозена.

Советот на Берум даде ветување дека ќе бидат поставени чувари за азиланти покрај училиштето.