Норвешка почна со депортација на мигранти во Русија

Норвешка почна со депортрација на мигранти во Русија, а првата група од околу 60 лица денес го напушти градот Киркенес на границата, јавува „Танјуг“ повикувајќи се на Би Би Си.

Околу 5.500 лица треба да бидат префрлени од Норвешка во Русија, а голем дел од нив ја преминале арктичката граница со велосипед, како дел од миграцискиот бран во Европа во 2015-тата година.

Норвешките власти во ноември најавија дека ќе ги враќаат лицата што доаѓаат од државите што се сметаат за безбедни.

Депортацијата започна откако Русија прифати дека Норвешка со автобуси може да ги врати мигрантите со руска виза, од кои голем дел се бегалци од Сирија.

migranti-na-tocak-1

Норвешка претходно мигрантите ги враќаше назад на велосипед поради правилата според кои на возилата им е забрането да ги префрлаат луѓето преку граница без неопходните документи, како и на луѓето да ја преминуваат границата пеш.

Овој потег беше осуден од страна на групите за човекови права со оглед на тоа што температурата на границата дење е минус 30 степени Целзиусови.

За време на викендот, околу 70 лица се доведени од другите центри за азил во Норвешка во примениот центар во Киркенес, на околу осум километри од руската граница, наведуваат норвешките медиуми.

Околу 40 лица побегнале од центарот во Вадс во страв дека ќе бидат вратени во Русија.