понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 60

Норвешка сака да забрани продажба на цигари дури и за возрасните

cigari

Последни вести

Во обид Норвешка до 2035 година да биде општество без чад од тутун, Норвешката медицинска асоцијација врши притисок врз Владата да го поддржи предлогот за забрана на тутунски производи на граѓаните родени по 2000 година.

Мерит Хермансен, претседателка на НМА, изјави за списанието Афтенпостен дека пристапот до цигари не е основно човечко право.

– Од многу одамна планираме да го укинеме пушењето до 2035 година. Ова е мерка со која ќе ја постигнеме целта. Сакаме генерации без тутун, рече таа.

– Пушењето не би требало да се забранува, но сакаме младите луѓе никогаш да не почнат со пушење.

Тие се надеваат дека благодарејќи на оваа одлука, младите луѓе нема ни да почнуват со пушење по 18 години, што е моментна старосна граница.

Во 2013 година пушеле 32 отсто Норвежани, што е многу помалку од 36 отсто, колку што пушеле во 2008 година.

Меѓу младите луѓе, седум проценти пушат секојдневно.

Најчитани вести