Анализи

Еден од најголемите производители на нафта ја крои судбината на црното злато Норвешка светски рекордер во купувањето на електрични автомобили

Норвешка светски рекордер во купувањето на електрични автомобили

Поради се поголем број електрични возила на улиците на Норвешка, оваа европската земја забележува значителен пад на побарувачката за нафтени деривати, а експертите веруваат дека станува збор за тренд кој би можел да се прошири во светот во блиска иднина, објави порталот electrek.co.

Продажбата на нафтени деривати падна во текот на изминатата година во Норвешка за 2,2 отсто, при што продажбата на бензини паднала за 2,9 отсто, продажбата на дизел за 2,7 отсто и на син дизел 2,6 отсто. Иако Норвешка е една од најголемите светски извозници на нафта, владата веќе четири години активно работи на намалување на домашна потрошувачка на нафтени деривати.

Државните мерки, во комбинација со освестувањето на норвешките потрошувачи, ја довеле оваа земја до најголемиот пазарен удел на електрични автомобили меѓу новите автомобили- на почетокот на годинава повеќе од 50 проценти од новите автомобили биле електрични или хибридни.

Норвешка зацртала цел до 2025 година сите патнички возила што се продаваат во Норвешка да бидат електрични возила, а поттикнувањата што ги започнаа во 2013 година, исто така, даваа многу други поволности за сопствениците на електричните возила. Освен што беа ослободени од плаќање на сите еднократни давачки, ослободени се и од годишните давачки за одржување на патиштата, плаќање на јавен паркинг, патарини и траект, а добија право на возење и по жолтата лента за јавен превоз.

 

Норвешка флота на електрични возила е убедливо и најчиста во светот, со оглед на тоа што Норвешка добива дури 98 проценти од својата електрична енергија од хидроелектраните. Кон крајот на 2017 година, во Норвешка се регистрирани повеќе од 200.000 електрични возила, што е светски рекорд во бројот на електрични возила по глава жители (21,5 електрични возила на 1.000 жители).
Најпродаваните два модела на возила во Норвешка во март беа Nissan LEAF и Tesla Model S, зголемувањето на нивната пазарна удел е добар показател за насоката што може да се очекува во остатокот на светот – продажбата на LEAF пораснала за 61,4 отсто од март минатата година, а продажбата на Тесла 40,6 проценти.

Иако е Норвешка светски лидер, нејзините бројки покажуваат дека овој тренд би можел да се прошири и да дојде до глобално намалување на побарувачката за нафта во следните неколку години. Но норвешкиот пример откри еден проблем поврзан со електричните автомобили- значително поголемо оптоварување на електродистрибутивната мрежа.

Инсталирање на полначите на Тесла со моќност од 22kW во далечните краеви на Норвешка, пишува oilprice.com, знае сериозно да ја оптовари локалната мрежа. Освен големи вариации во волтажата, се случува и треперење на светлата во домаќинствата.

Но државната електростопанство Statnett тврди дека постојната мрежа би требало да го издржи и преминувањето на сите граѓани на Норвешка на електрични возила, со само 6 отсто зголемување на потрошувачката. Преостанува проблемот на најголемата побарувачка- кога повеќето корисници истовремено тргнат да ги полнат своите возила- но официјален став на Statnett е дека „тоа не би требало да биде проблем со интелегентно полнење”.