Норвешки тур-оператори во посета на Македонија

Истакнати имиња од туристичката индустрија на Норвешка како Travel Invest, Temareiser Fredrikstad, Tele-Tur AS,  Aktive Fredsreiser, Travel for peace и туристичка асоцијација Аntor викендов ја посетија Македонија и се сретнаа со претставници на 30 компании од приватниот сектор.

Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за норвешките тур-оператори. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на норвешкиот пазар, најмногу со езера, култура, рурален, активен, вински и гастро туризам.

Дополнително, потенцијалите за развој на туристичката понуда се зајакнати со неодамна отворениот директен лет Скопје – Осло, со Виз-ер.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, како што соопшти, ќе продолжи со иницијативата за поддршка на македонскиот приватен сектор, преку директно поврзување со странските тур-оператори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.