Свет

Норвешките конзервативци објавија победа на парламентарни избори

Норвешките конзервативци објавија победа на парламентарни избори

Норвешката премиерка Ерна Солберг, челничка на досега владејачката Конзервативна партија и премиерка, објави победа на норвешките парламентарни избори, наведувајќи дека успехот е „резултат на тимските напори“.

„Добивме поддршка за нови четири години бидејќи го остваривме она за што се залагавме. Станува збор за јасна победа“, изјави во хотел во центарот на норвешката престолнина Осло премиерката Ерна Солберг каде што ноќта кон вторникот ги очекуваше резултатите, заблагодарувајќи им се на членовите на партијата и избирачите.

Солберг, исто така, предупреди дека ќе биде потребно да се бараат „сеопфатни решенија“ во новиот парламент по последните избори.

Според медиумите, станува збор за историска победа на конзервативците на изборите, особено поради тоа што досега ниедна влада којашто ја воделе конзервАтивците од 1985 година досега не победила повторно на изборите. Иако овојпат со мала предност пред опозицијата предводена од Лабуристичката партија, а благодарејќи на програмата за управување на економијата со којашто доминира производството на нафта.

Приврзаниците на Солберг го опишуваат нејзиниот начин на управување како сличен на оној на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Нашите решенија даваат резултати. Создаваме нови работни места“, истакна Солберг додавајќи дека пред земјата стојат нови предизвици, како и дека приходите од нафтата ќе започнат да паѓаат и дека сите во Норвешка треба да преземат одговорност.

Владејачката малцинска коалиција на нејзините конзервативци и народната Напредна партија, заедно со уште два помали коалициски партнера освоија 88 места во парламентот кој има 169 мандати, покажаа официјалните процени по пребројувањето на 90 отсто од избирачкиот материјал.

Челникот на опозициските лабуристи, Јонас Гар Стоере ијзави пред своите приврзаници дека се чини оти неговата партија, инаку најсилната политичка групација во Норвешка во ХХ век тесно загубила.

„Тоа претставува големо разочарување“, изјави Стоере, на чијашто партија долго време сите анкети ѝ даваа предност. Поддршката за владата, меѓутоа, порасна откако економијата постапно почна да закрепнува од падот на цените на сировата нафта, главниот извозен производ на Норвешка.

Невработеноста, коајшто прд крајот на минатата 2016 година изнесуваше 5 отсто, највисока стапка во последните 20 години, падна оттогаш на 4,2 отсто, додека довербата на потрошувачите е најголема во последните 10 години.

Лабуристите, така, ќе останат втора по големина политичка сила во норешкиот парламент, со освоени 49 мандати.